Дваесет и тригодишна државјанка на Обединетото Кралство е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на магистралниот пат Кичево–Охрид.
Како што информира МВР, на 10 јуни во 17:50 часот, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.У.К. (23) од Обединетото Кралство, удрило во метална заштитна ограда и излетало од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добила неговата 23-годишна сопатничка Б.А., исто така од Обединетото Кралство. Повредите биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид







