„Дрисла“ трет ден ги труе скопјани, Мицкоски со механизација од општествено одговорни компании ќе влезе на депонијата

За пожарот и чадот од депонијата „Дрисла“ кои трет ден ги трујат скопјани премиерот Христијан Мицкоски вели дека има истрага, но за да каже детали ќе почека работите да добијат свој тек.  Во меѓувреме извести дека со механизација од општествено одговорни компании ќе влезат и на депонијата „Дрисла“  и во „Вардариште“.

„Ние и овој случај нема да го оставиме вака. Веќе работиме со министерот за транспорт на општествено одговорни градежни компании со кои ќе донесат механизација и во ‘Вардариште’ и во ‘Дрисла’ и ќе можеме да дејствуваме и внатре се со цел да не се случува ова континуирано“, рече денес премиерот Мицкоски по посетата на Градската општа болница „* Септември“.

И денес премиерот зборуваше дека како професор знае оти само еден отпушок од цигара може да предизвика пожар на депонијата оти таму се создава метан кој е лесно запалива материја, а кажа и дека некому му одговара пожар на депонијата во овој предизборен период.

Премиерот Мицкски се надева дек амеханизацијата ќе наиде на отворени порти во депониите и потсети дек аминатата година кога неколкумина градоначалници сами се организира да го однесат ѓубрето во „Дрисла“, камионите наидоа на затворена капија.

„Се надевам дека ќе имаме простор да влеземе внатре, да не се случи повторно да дојдеме до портата и да не не пуштат внатре. Така беше минатиот пат“, рече премиерот Мицксоки.

Трајно решавање на проблемот со депонијата Мицксоки најави со новиот градоначалник, а на забелешките дека тоа не треба да биде со јавно – приватни партнерство, туку да се прифати стратегија нула отпад, тој одговори дека ќе ги покани и оние кои се за оние кои се против за да се најде најсоодветно решение кои може да се примени кај нас. Неговиот став е дека на „Дрисла“ треба да има фабрика за отпад и фабрика која од метанот ќе прави струја кои треба да бидат дел од трајното решение.

Scroll to Top