Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 13:00 часот во близина на село Мрежичко, кавадаречко, при истовар на земја од товарно возило „ман“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.К.(56) од Кавадарци, возилото се превртело и паднало во провалија.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал И.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци.
Од страна на алпинистички тим од Специјалната антитерористичка едница „Тигар“, ОВР Кавадарци и Територијалната противпожарна единица Кавадарци, телото на починатиот и возилото биле извлечени од провалијата и по наредба на јавен обвинител телото било предадено за обдукција во Институт за судска медицина Скопје.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци.







