Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 05 часот и 40 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.9.
Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката, особено во Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.







