Кривична пријава за фирма од Скопје за нелегална градба, го оштетила буџетот на Општина Неготино за 1,5 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице, еден странски и еден македонски државјанин за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Скопје, В.М. од Австрија, одговорно лице во правното лице и Р.М.(52) од Гевгелија, раководител на подружница на правното лице во Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик.

„На 13.05.2026, полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи при ОВР Неготино, а подоцна и градежен инспектор од општина Неготино, констатирале дека пријавените извршиле ископ на канал од околу 600 метри и поставиле кабли за електрична енергија на дел од потегот од село Пепелиште кон село Војшанци, неготинско, а градежните активности ги отпочнале пред да бидат исполнети законските услови, односно пред да биде платена изготвената пресметка на надомест за уредување на градежно земјиште во износ од 1.502.981 денари и пред да добијат одобрение за градба, за што претходно инвеститорот поднел барање до Општина Неготино“, соопшти МВР.

Со тоа, пријавените предизвикале штета на буџетот на Општина Неготино за наведената сума.

Scroll to Top