Лажна е дојавата за поставена бомба во „Сити мол“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека дојавата за поставена бомба во трговскиот центар „Сити мол“ е лажна.

Од страна на полициски службеници проверени се внатрешноста на објектот и делот околу објектот и утврдено е дека станува збор за лажна дојава.

На електронска адреса на Министерството за внатрешни работи пристигнала дојава за поставена експлозивна направа по што трговскиот центар беше евакуиран.

Scroll to Top