МВР со детали за опожарениот автомобил на Галетановски: зафатени биле уште две возила

Денеска во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Иван Козаров“ во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ѓорѓи Галетановски од Скопје, а од пожарот биле зафатени уште две патнички возила „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Е.К.(30) од Скопје и „форд“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(47) од Скопје.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението.

Scroll to Top