Мигранти од Грузија пронајдени кај Струга

Двајца мигранти од Грузија се пронајдени кај Струга.

Според информациите на МВР,  ноќеска во 00:20 часот, на регионалниот пат Радожда-Струга, лишени од слобода се Ј.К.(42) и П.Т.(41), двајцата од Република Грузија.

Од преземените мерки, констатирано е дека тие, оствариле илегален влез и незаконски престој на македонска територија, по што се задржани во полициска станица за натамошна постапка.

Scroll to Top