Мицевски: Економската стабилност е резултат на правилни политики и конкретни мерки

На денешната седница во Собранието се обрати пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој посочи дека економската стабилност и спроведувањето на конкретни мерки се клучни за постигнување долгорочни резултати, нагласувајќи дека актуелните политики даваат позитивни ефекти врз состојбите во државата.

„На Македонија и се потребни луѓе коишто испорачуваат стабилни долгорочни резултати. Додека ние нудиме решенија, визија и реформи, од спротивната страна гледаме само безидејност и страв. Додека минатите влади не убедуваа дека инфлацијата е увезена и дека ништо не може да се стори, оваа Влада со паметни економски чекори и мерки ја стабилизираше состојбата. Годишната инфлација за месец јуни во Македонија изнесува стабилни 3,4%, но она што е посебен и суштински успех на економијата и економските политики е фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалоци е спуштена на 2,5%, а кај облеката и обувките на 2,1%. Вкупниот процент на годишната инфлација во јуни е вештачки зголемена од растот на цените кај алкохолните пијалоци и тутунот коишто бележат раст од 9,3% како и транспортот од 6,2%“, рече Мицевски и додаде:

„За да видиме каде се наоѓа Македонија денес со 3,4% доволно е да ги погледнеме регионот и поширокото опкружување на нашите земји и соседи. Во месец јуни Грција е со инфлација од 3,9%, Словенија 3,6%, Хрватска 4,5%, Бугарија 5,6%, Турција се соочува со огромни 32,11%. Ова е доказ дека Македонија денес успешно менаџира на економските бранови“.

Мицевски истакна дека економските резултати се директен показател за начинот на кој се водат државните политики и справувањето со предизвиците и нагласи дека актуелната Влада преку одговорен пристап и конкретни мерки, успева да одговори на сложените економски состојби во споредба со претходната влада.

„Ние продолжуваме да работиме посветено за граѓаните но, највпечатлива споредба којашто ја покажува разликата во владеењето и одговорноста помеѓу поранешната влада и оваа Влада ќе ја споредиме овоj јуни 2026 година со јуни 2022 година. Првата во 2022 година кога тогашната неспособна власт предводена од ДУИ и СДС дозволи инфлацијата во јуни да експлодираат до астрономски 14,5%, денес во втората голема криза оваа Влада успеа да ја задржи инфлацијата на само 3,4%. Ова се бројките, факти и податоци коишто за жал опозицијата во Македонија се прави дека не ги гледа и ги чита различно од сите“, дециден е Мицевски.

Scroll to Top