Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека нема да се кандидира за претседател на државата на изборите во 2029 година. Исто така, кажа дека кога ќе му заврши мандатот како претседател на Владата, ќе се врати на својата професорка професија.
„Кога ќе ми заврши мандатот како претседател на Владата, се враќам на факултет меѓу студентите. Немам таква амбиција, ниту желба. Нека овозможат на дијаспората да го оствари своето право на електронски начин, и тоа почнувајќи од следните претседателски избори во 2029 година“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашања при посетата на Општина Кисела Вода за промените во Изборниот законик со кои се предлага гласање на дијаспората по електронски пат и обвинувањата дека на тој начин се планира да се кандидира за претседател на изборите во 2029 година.
Мицкоски кажа дека ќе ги прифатат сите барања на Левица и СДСМ за Изборниот законик, но мора да остане можноста дијаспората да гласа електронски.







