Вчера во 21:05 часот на стариот пат село Тработивиште – Делчево, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force” од РЦ за ГР Исток го лишија од слобода 29-годишниот Д.К. од село Полето, делчевско и 26-годишниот У.А. од село Црник, делчевско.
При преглед на паркирано патничко возило „фолксваген голф” со делчевски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, биле пронајдени и одземени марихуана и ризли.
Лицата се задржани во ОВР Делчево и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.







