Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Со години беше симбол на застојот. Кај скопјани остана запаметен како „мостот што водеше во дневна соба“ или „мостот за ловење риба“. Конечно, станува мост што ќе ги поврзува луѓето, ќе го забрзува сообраќајот и ќе го менува секојдневието на граѓаните“, вели тој.
Ѓорѓиевски наведува дека во изминатиот период го решиле најголемиот предизвик, експропријацијата.
„По истекот на рокот за преселување на семејствата кои живееја на трасата, денес започнуваме со расчистување на булеварот „АСНОМ“, токму од мостот „Генерал Михајло Апостолски“, со што започнува неговото конечно ставање во функција. Паралелно продолжува и процесот на експропријација на преостанатиот дел од булеварот, сѐ до неговото целосно завршување“, рече Ѓорѓиевски.







