Мотоциклист тешко повреден во судир со автобус во Скопје

На 25 април 2026 година околу 07:50 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна несреќа што се случила на сервисната улица која ги поврзува улицата „Бутелска“ и булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје.

Во несреќата учествувале автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 58-годишниот М.А. од селото Шишево, и мотоцикл „пиаџо“, управуван од 23-годишниот Ш.К. од селото Љуботен.

Во судирот, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

Scroll to Top