Муцунски: Финализираме договор со САД што ќе ги отстрани преостанатите трговски бариери

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево преку социјалните мрежи ја поздрави одлуката на САД за намалување на тарифите за македонски производи – од 33% на 15%. Како што истакна во објавата, овој чекор претставува важен поттик за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји и јасен сигнал за градење на поамбициозно трговско партнерство. Министерот Муцунски исто така посочи дека иако преговорите за сеопфатен договор за тарифна либерализација сè уште се во тек, оваа одлука е конкретен доказ за заедничката посветеност на отворање нови можности за нашите извозници, компании и економијата во целина. „Остануваме целосно посветени на финализирање на договор што ќе ги отстрани преостанатите трговски бариери и ќе создаде долгорочни придобивки за двете економии. Убеден сум дека со ова се поставуваат темелите за ново поглавје во македонско-американските економски односи“, вели Муцунски.

Scroll to Top