Наместо да одговара, Мицкоски го награди Фетаи со нова функција, велат од СДСМ

Додека македонските работници имаат најниски плати во Европа, владата на Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, Арбен Фетаи кој не доаѓаше на работа е награден со нова функција, велат од СДСМ.

„Граѓаните скапо го плаќаа Фетаи додека тој не рабоеше ништо и си објавуваше фотографии како ужива на Тајланд.

И сега наместо одговорност за злоупотреба на парите на граѓаните, Мицкоски го наградува Фетаи со нова позиција, специјален пратеник во ЕУ, со нови привилегии, платени од граѓаните.

Со што ја заслужи Фетаи оваа награда од Мицкоски? Или има нов коалициски дил“, прашуваат од СДСМ.

Ова, како што додаваат, е вистинското лице на Мицкоски.

Устата му е полна со повици за одговорност а неговите функционери си прават што сакаат.

Неработењето и диловите се репер за Мицкоски.

Оваа срамна одлука е огледало и на односот на власта кон Европската унија, Македонија останува заглавена во изолација, со неработници, скапо платени од џебот на граѓаните.

На крај цената ја плаќаат сите граѓани“.

Scroll to Top