Опожарено возило во Карпош, огнот зафатил уште две други возила и деловен објект

На 13.07.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било опожарено патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р..

Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран“, сопственост на Д.М., патничко возило „сангјонг“, сопственост на С.С. и деловен објект, сопственост на Г.Л..

Огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Полицијата соопшти дека е извршен увид од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Scroll to Top