Општина Чаир изрази сочувство по смртта на Владо Јаневски

Општина Чаир изразува најдлабоко сочувство до семејството, најблиските и до целата нација по повод смртта на маестро Владо Јаневски, еден од најголемите имиња на македонската музика, чие творештво остави неизбришлива трага во музичката култура и во сеќавањата на многу генерации.

Од Општината најавија дека во знак на почит кон неговиот уметнички придонес и неговата посебна поврзаност со Чаир, Советот на Општина Чаир ќе преземе институционални мерки за трајно одбележување на ликот и делото на маестро Владо Јаневски.

Scroll to Top