Охриѓанец со стаклен предмет ја нападнал снаата

Полицијата го приведе Р.К.(49) од Охрид.

„Според пријавеното, околу 19:30 часот во домот каде што живее тој со неговиот татко и сестра, настанала расправија помеѓу него и неговиот 44-годишен брат, по што тој со стаклен предмет ја нападнал сопругата на брат му, а откако влегле во возилото, останатите членови на семејството му кажале дека извадил пиштол и барале да си оди побрзо. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.

Scroll to Top