Очајниот потег на СДС да шири дезинформации за водата во Скопје го надминува секое дно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Водата во Скопје е безбедна за пиење, кога СДС нема што да понуди на граѓаните сее паника, Филипче да се соочи со сопствената политичка испразнетост, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Талогот од СДС на чело со Филипче кога нема што да понуди создава хаос и сее паника помеѓу граѓаните. Најновиот обид на СДС да се претстави водата во Скопје како небезбедна за пиење е крајно неодговорен политички потег кој ја преминува секоја граница на политички пресметки. Очајниот потег на СДС преку своите партиски послушници на социјалните мрежи да шират дезинформации за водата во Скопје дека наводно е небезбедна го надминува секое дно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата го повикаа Венко Филипче да не си поигрува со здравјето на граѓаните и да не си прави експерименти додека, како што велат, е на јахтата на неговиот ментор Заев и ужива во луксузот на Егејот.

„Очајните обиди на Филипче и СДС за ширење на дезинформации и креирање на паника помеѓу населението е директен доказ дека СДС нема што да понуди на граѓаните ниту пак имаат план и визија за државата. Водата во Скопје е безбедна за пиење и тоа веднаш го потврдија сите надлежни институции. СДС да престане да ја користи јавната безбедност за дневнополитички цели. Здравјето и безбедноста на граѓаните не се средство за политичко профитирање. СДС и Венко Филипче наместо да сеат паника и шират дезинформаации нека се обидат да се соочат со сопствената политичка испразнетост. Граѓаните имаа можност на дело да го видат целиот талог од СДС кој излезе на виделина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top