Парламентарен дијалог и билатерални односи: претседателот на Црна Гора во посета на Собранието

Собранието денеска беше домаќин на Јаков Милатовиќ, претседател на Црна Гора, во рамките на неговата официјална посета на нашата земја, со која се потенцира важноста на парламентарниот дијалог и регионалната соработка.

Посетата започна со тет-а-тет средба во Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, каде се разговараше за актуелните регионални прашања и можностите за продлабочување на билатералната соработка.

По завршувањето на средбата, претседателот Милатовиќ се обрати пред пратениците во законодавниот дом, истакнувајќи ја значајноста на меѓусебната соработка и зацврстувањето на пријателските односи меѓу двете земји.

Нашите две земји ги поврзува искрено пријателство, меѓусебна почит и заедничка посветеност на европските вредности, рече Милатовиќ, а билатералните односи претставуваат пример за добрососедска соработка во Регионот.

Постои значителен потенцијал за унапредување на економската соработка и зголемување на трговската размена, особено во туризмот, земјоделството, транспортот и дигиталната економија.

Посетата на црногорскиот претседател е во насока на дополнително зацврстување на односите и силна порака за регионална соработка и поддршка.

Scroll to Top