Полициски службеници успешно извлекоа шест лица од излетано возило надвор од автопат

Денеска во Дежурната служба на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи пријавено е дека на автопатот Скопје-Велес кај м.в „Манастири“ има излетано возило од автопат.

На лице место на настанот веднаш се упатени служби од Мобилната единица на МВР, кои на тешко достапен терен, пронајдоа излетано патничко возило „сеат” кое што било управувано од К.С (68) од Велес и во истото имало пет сопатници.

На место на настанот се упатени и една екипа на Територијална противпожарна бригада на град Скопје, три екипи на Итна медицинска помош од Скопје и една екипа на ЈП Македонија Пат.

Возачот и лицата сопатници се успешно извлечени и истите се пренесени во Ургентен Центар во Велес и се наоѓаат вон животна опасност, благодарение на брзата и ефикасна реакција на надлежните служби, извести МВР.

Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од Сектор за внатрешни работи Скопје.

„Апелираме до сите возачи за почитување на сообраќајна сигнализација, прилагодување на брзината према ограничувањето и условите на патот“, додаваат од МВР.

Фото: МВР

Scroll to Top