Поради технички интервенции, денеска без струја ќе бидат делови од Општините Аеродром и Кисела Вода.
„Најава за планирано исклучување на ел енергија поради технички интервенции на ден 09.10.2026 година од страна на ЕВН Македонија: во период од 09 до 11 без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од Горно Лисиче, улица „Божин Николов“ и во период од 10:30 до 15:30 часот, корисниците на улица „Караџица“ во населба Пржино“, информира Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК – Скопје.







