Потпишан Меморандум за соработка меѓу Јавното обвинителство и АНБ

Јавното обвинителство и АНБ потпишаа меморандум за соработка.

Целта на Меморандумот, како што е соопштено од обвинитеслтвото, е дополнително развивање и унапредување на соработката меѓу Јавното обвинителство и Агенцијата што треба да овозможи ефективна и ефикасна превенција и кривичен прогон.

Покрај зајакнување на законски воспоставените механизми за размена на податоци и информации меѓу двете институции, Меморандумот предвидува и размена на знаења и искуства, учество во заеднички проекти, конференции и работилници, како и унапредување на комуникацијата во други области од заеднички интерес.

Со документот е регулирана и примената на стандардите за безбедност и доверливост при размената на информации.

Scroll to Top