На 05.08.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од улицата „Борис Сарафов“ и улицата „Крсто Раковски“ во Скопје, патничко возило „фиат“ удрило во 48-годишната А.С.К. од Скопје и го напуштило местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С.К., констатирани во ЈЗУ Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.







