Прегазено седумгодишно дете во Кочани: малолетникот со тешки повреди е пренесен во болница

Вчера околу 17:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на ул.„Стамен Манов“ во Кочани, патничко возило „цитроен“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(40) од Кочани, удрило во седумгодишно дете од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Јавна здравствена установа Кочани.

Полицијата соопшти дека по наредба на јавен обвинител, бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

Scroll to Top