Прегазено 14-годишно девојче во Куманово

Вчера во 15:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово, товарно возило „фолксваген транспортер“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(34) од Куманово, удрило во 14-годишно девојче од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Scroll to Top