Пренџов: Суштинска работа е во вторник, во девет наутро, Комисијата да биде во АНБ

Суштинска работа е, првиот работен ден од денес, вторник во девет наутро Комисијата да биде во АНБ, изјави Љупчо Пренџов, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

„Во интерес на јавноста и на медиумите, сакам уште еднаш да апострофирам дека после нашиот повик за итна на седница на Комисијата за надзор на за работата на АНБ и АР, односно утврдување на датум за посета на агенцијата национална безбедност, сите политички чинители беа „за“. Второ, актуелниот претседател на Комисијата, г. Скендер Реџепи од Европскиот фронт на ДУИ, веднаш после мене имаше прес конференција на која што кажа дека тој нема да свика Комисија, дека нема ништо против да свика Комисијата претседателот на Собранието Гаши и тоа нема да биде прв пат. Зошто? Затоа што пред неколку месеци ние имавме седница на Комисијата, која што ја водеше, друг пратеник од опозицијата, а тоа е колешката Славјанка Петровска“, рече Пренџов.

Тој кажа дека императив, е на деветти, во девет часот наутро, Комисијата за надзор да биде во АНБ.

„Значи, првиот работен ден од денес, Комисијата да биде во АНБ со цело се запознае со сите списи и сите документи за оно што се случувало. Се друго, освен тоа, е изигрување на волјата на граѓаните и на јавниот интерес, бидејќи најбрзо посета во АНБ е дел од јавниот интерес. Дали кај има денес Комисија во 14, во 18 или во 22 часот, дали кај ја води Скендар Реџепи или госпоѓата Славјанка Петровска, е техничка работа. Суштинска работа е, првиот работен ден од денес, вторник во девет наутро Комисијата да биде во АНБ“, рече Пренџов.

Scroll to Top