Вчера во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид ги лишија од слобода 50-годишниот Р.С. и 46-годишниот С.Б., двајцата од Охрид.
При претрес во домот на Р.С., извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Додека, при претрес во домот на С.Б., извршен исто така со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, шприц исполнет со кафеава материја, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави, извести МВР







