Претрес во Охрид: пронајдени оружје и муниција, уапсен 37-годишник

Вчера во 12:00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода 37-годишниот Д.А. од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се еден револвер, две пушки, три рачни бомби, 22 куршуми различен калибар и две најлонски ќеси со барут кои нелегално ги поседувал.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик – „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Scroll to Top