Полицијата поднесе кривична пријава против шест лица од Тетово, по инцидент што се случи на 5 ноември 2025 година во селото Желино.
Пријавени се: Б.И. (34), Б.И. (30), В.И. (29), Ј.Б. (37), Џ.Б. (30) и Ј.Џ. (63), за кои постојат основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
Според полицискиот билтен, инцидентот започнал со претходна расправија помеѓу Ј.Џ. (63) и Б.И. (34). Во текот на оваа караница, Ј.Џ. се обидел да го нападне Б.И. со метален предмет, но лицата биле разделени.
Меѓутоа, ситуацијата ескалирала кога расправијата прераснала во физичка пресметка во која биле вклучени сите шест пријавени лица. Според пријавата, во текот на оваа тепачка, Ј.Џ. со огнено оружје му упатил закани на Б.И.
Истрагата за случајот продолжува.







