Проекција на „Колку чини водата?“ и еко хакатон на последниот фестивалски ден на „Дрим Шорт“

Програмата за четвртиот фестивалски ден на 10. Дрим Шорт ќе започне во 17 часот во Europe House Struga со проекција на „Колку чини водата“ во режија на Сара Александровска и Еко-хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани.

Денеска е последен ден за Специјалната ВР програма во Дуќан, со филмовите односно виртуелни искуства „Shelter“ и „8 billion selves“.

Вo продолжение се наоѓа филмската програмата и распоредот за последниот фестивалски ден:

Програма за 9 август (недела)

Локација: Europe House Struga

17:00  – Проекција на „Колку чини водата“ во режија на Сара Александровска и Еко-хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани

19:00 – Проекции на вториот дел од студентската натпреварувачка програма

Grandpa’s Fur, режија: Teodor Stoilov, Nellie Rajala

Rage, режија: Fran Moreno Blanco, Santi Pujol Amat

Ends and beginnings, режија: Klaudia Fortuniak

Локација: Парк на поезија

20:30 – Проекции на мешана натпреварувачка програма

Меѓународна програма

Eraserhead in a Knitted Shopping Bag, режија: Lili Koss

Регионална програма SOS, режија: Anita Morina

Специјална програма „Соочување со минатото“ Intersecting Memory, режија: Shayma’ Awawdeh

Национална програма Christmas Lights, режија: Gjorgji Lazov

По проекциите следува серија на прашања и одговори со Златко Ѓелески и присутните автори.

По филмската програма следува доделувањето на наградите за ова 10-то јубилејно издание на фестивалот.

Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на „Дрим Шорт“ (www.dsff.mk).

Влезот за сите настани е бесплатен.

 

Scroll to Top