Распродадени картите за отворањето на 54. Мајски оперски вечери

Билетите за отворањето на 54. издание на Мајските оперски вечери, кое ќе се одржи на 9 мај 2026 година, се распродадени за само 30 минути, информираат од Национална опера и балет.

Според организаторите, големиот интерес за настанот ја потврдува позицијата на фестивалот како еден од значајните културни настани во земјата и регионот.

Годинешното издание ќе понуди репертоар со познати оперски дела, меѓу кои „Риголето“, „Тоска“, „Мадам Батерфлај“, „Травијата“ и „Набуко“.

Од Националната опера и балет посочуваат дека интересот за останатите претстави се очекува да продолжи, а публиката може да го погледне комплетниот репертоар и достапноста на билети на официјалната веб-страница.

Scroll to Top