РОДЕНA ДА ПРИВЛЕКУВА ПОГЛЕДИ НОВАТА OPEL CORSA GSE ВО СПОРТСКИ КАМУФЛАЖЕН ДИЗАЈН

  • Стикери со пруги и карирани шари: модерено оддавање почит на спортската Corsa A од 1980-тите
  • Камуфлирана и скриена: возбудливите дизајнерски детали кај новата Corsa GSE сè уште остануваат тајна
  • Возбудливи можности: спортскиот нов врвен модел Corsa ќе биде достапен за нарачка оваа година

“OMG! Каков неверојатен автомобил е ова?“ Веројатно тоа е прашањето што многу фанови на Opel си го поставиле кога ги виделе првите „шпионски“ фотографии од новата Opel Corsa GSE. Како што производителот неодамна соопшти, Opel наскоро ќе ја прошири својата палета на GSE модели. Новата Opel Corsa GSE ќе биде достапна за нарачка подоцна оваа година.

Сепак, се уште има време до официјалното претставување на верзијата со високи перформанси на најпродаваниот мал автомобил во Германија. Затоа, новата Opel Corsa GSE сè уште е камуфлирана бидејќи не сите возбудливи дизајнерски детали треба да бидат откриени однапред. Истовремено, спортскиот изглед на надворешноста е многу повеќе од практична маска, таа е оддавање почит на спортските верзии на Corsa A од 1980-тите, но со модерни детали.

Со камуфлажата на новата Corsa GSE, го комбинираме класичниот дизајн со возбудлив, модерен изглед кој го нагласува духот на нашите GSE модели“, изјави Andreas Kubis, кој како „Технички водич за доверливост“ е одговорен за камуфлирање на прототипите и предсериските возила на Opel. „Се разбира, главната цел на камуфлажата е да се спречи откривање на сите детали од новиот модел предвреме“, објасни експертот за прототипи. „Со Corsa GSE, сепак, веднаш ни беше јасно дека оваа „маска“ треба да пренесува порака. Спортскиот дизајн со црни, бели и жолти акценти го разгорува интересот за овој спортски хечбек, а истовремено оддава почит на моторспортското наследство на Opel.“

Кај Opel, GSE означува возбуда, брзина и електрични емоции. Новата Corsa GSE е дизајнирана да го олицетвори сето тоа, не само во финалната сериска верзија, туку уште од прв поглед како прототип. Andreas Kubis и неговиот тим завршија извонредна работа. Дури и мат црната основна боја на обвивката ги пренесува перформансите на возилото. Големите жолти и бели ленти, заедно со GSE ознаката, несомнено најавуваат новиот спортски хечбег. Лентите се распоредени да личат на спортски шаховски мотив, дополнети со бели и жолти испрекинати двојни линии кои изгледаат како внимателно зашиени шавови.

Фановите на Opel веднаш ќе ги препознаат елементите. Спортските седишта во првата Corsa GSi, во доцните 1980-ти, веќе имаа многу препознатлив шарен дезен. А жолтите и белите ленти на каросеријата кај новата Corsa GSE, сега распоредени под различни агли, намерно се инспирирани од шаховскиот дизајн на седиштата, кој е неизбежно поврзан со Corsa SR и Corsa GT од првата генерација на овој најпродаван мал автомобил.

Новата Corsa GSE веќе буди апетит за моќни перформанси со својот спортски стил на GSE. Opel наскоро ќе открие кои дизајнерски детали ќе го направат новиот модел со високи перформанси уште поатрактивен. Посетителите на овогодинешниот Саем за автомобили во Париз (од 12 до 18 октомври) веќе можат да очекуваат да ја видат новата Opel Corsa GSE во живо, бидејќи спортскиот хечбег ќе ја доживее својата изложбена премиера во француската престолнина.

Scroll to Top