Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во нашата земја Узлем Џанел, со која разговараше за приоритетите и очекувањата во однос на извршувањето на највисоката јавнообвинителска функција.
Амбасадорката Џанел му честиташе на изборот, при што и двајцата се осврнаа на клучните предизвици во поглед на дигитализацијата, јакнењето на транспарентноста и јавната доверба, како и финансиската самостојност на Јавното обвинителство.
За јакнење на јавната доверба во институцијата и двајцата ја истакнаа како клучна транспарентноста, директната комуникација со граѓаните, но и воедначената примена на законите што треба да овозможи предвидливост и увереност во исправноста на одлуките.







