Државниот завод за статистика ја објави бројката што арамијата не ја црта на табла. Во август трошоците за земјоделско производство се зголемени 6,8 проценти, а цените за производителите се намалени за нови 2,2 проценти, соопшти СДСМ.
„Трошоците за горивото и енергијата се зголемени за 15,8. За машините плус 13,4. Транспортна опрема плус 19,6. А зеленчук минус 6,4. Овошје и грозје минус 7,2. Производи од животинско потекло минус 7,7.
Нивата поскапе. Откупот поевтини. Во продавница храната не падна како на нива туку се покачи.
Разликата ја јаде синџирот. Земјоделецот ја плаќа двапати.
Ова не падна од небо. Претседателот Филипче предупреди пред месеци што ќе донесе погрешната политика и намалување субвенции скратени околу 40 милиони евра.
Авансната исплата е укината. Зелената нафта доцни. Прагот за помош се качува.
Пиперката и грозјето се на понижувачки откуп.
Зелката од 25–30 денари падна на 6–8 денари.
Европските пари беа замрзнати откако оваа власт беше фатена какако краде од фондовите. Задругите се без поддршка.
Владата има 5,53 милиони за Гета и бизниси од 1,6 милиони да ја цепат опозицијата.
Авион за колената на Мицкоски. Дата-центар и антимон за провизија.
Ама за оној што ја рани држава – немаат ништо, статистика и молк.
ВМРО-ОКГ не води земјоделство. Води плен.
Горивото го пуштија да поскапи до плафон, па дојдоа со половина мерка. Само дел од ДДВ и тоа доцна. Акцизата ја оставија.
Ние баравме мерки уште на самиот почеток: укинување на акцизата, намалување на ДДВ на 5% на енергенси, минимална 600 евра.
Не мрднаа. Сега нивата го плаќа нивниот луксуз.
СДСМ е со земјоделците.
Редовна субвенција. Аванс. Зелена нафта на време. Фер откуп. Помош што стигнува до земјоделците навреме, нои до малиот, не само до големиот откупувач.
Без тоа оваа есен нема да има берба ниту сеидба туку пресметка на бандата врз грбот што произведува храна“, велат од СДСМ.







