Христијан Мицкоски денеска повторно се обидува да ја префрли вината на СДСМ за сопственото нефункционирање, реагираат од СДСМ, на изјавата на премиерот.
„Реалноста е следнава: Тој сам ја укина Техничката влада. Тој рече дека „СДСМ не му треба“. Тој вети дека до 1 јуни ќе ги заврши сите точки од Реформската агенда. Сега, кога не успеа да исполни ништо, повторно бара „разум од СДСМ“. Основниот услов за продолжување на преговорите со ЕУ е внесување на малцинствата во Уставот. Без тоа – нема напредок кон ЕУ, нема преговори, нема ништо. Мицкоски нема да ги заврши реформите затоа што не сака да ги заврши. Не сака независно судство, не сака Европско јавно обвинителство и не сака да ги исполни европските услови. СДСМ нема да му даде алиби за неисполнување на реформската агенда. Мицкоски не сака ЕУ. Тој сака само власт без контрола и без одговорност за да тера бизниси. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега“, велат од СДСМ.







