Вчера во 21:01 часот во ОВР Крива Паланка, 32-годишна жена од Крива Паланка пријави дека околу 20:55 часот во семејната куќа, нејзиниот свекор го нападнал нејзиниот малолетен син.
Додека, пак во 21:20 часот свекорот пријавил дека бил физички нападнат од неговиот 38-годишен син.
Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.







