Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, изјави дека со присуството на Зоран Заев на годишнината на СДСМ се потврдиле, како што рече, нивните тези за односите во партијата.
Одговарајќи на новинарско прашање за присуството на поранешниот претседател и премиер на настанот, Манасиевски рече: „Со синоќешното присуство на Зоран Заев на годишнината на некогаш државотворната партија СДС, се потврдија сите наши тези дека Зоран Заев е стопанот, а Филипче е чиракот во СДС.“
Тој додаде дека, според него, доколку СДСМ сака да се реформира и да биде главна опозициска партија во Македонија, „мора да се оградат и дистанцираат од аболицираниот криминалец Зоран Заев“.
„Инаку, ако продолжат по истите овие стапки – тоа навистина е многу лошо за СДС, кој што како што гледаме нема намера да се промени“, изјави Манасиевски.







