Син со нож и се заканувал на мајка си, маж ја претепал сопругата: уапсени четири лица за семејно насилство

Вчера во 12:40 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ш.А. (36) од истото село.

Претходно, во 12:00 часот во просториите на Одделението за криминалистичка полиција Тетово, неговата 57- годишна мајка, пријавила дека во нивниот семеен дом, Ш.А. и се заканувал со нож. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

Истиот ден во 02:10 часот во беровско, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода С.С.(42) од беровско, постапувајќи по претходна пријава дека на 23.05.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Во ОВР Пробиштип, вчера во 09:45 часот, 41-годишна жена од Пробиштип пријавила дека истиот ден, во семејниот дом, по претходна расправија била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Т.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.05.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиja од слобода О.Ф.(20) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава од неговата 19-годишна невенчана сопруга од Штип, дека додека престојувале во објект во близина на плантажи во Кавадарци, физички ја нападнал. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 24.05.2026 во 23:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.Н.(20) од Скопје, по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош ѝ упатувал закани на неговата 55-годишна мајка, а притоа оштетил и дел од инвентарот.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Scroll to Top