Четириесетгодишен маж од Скопје починал на работното место во магацин во круг на фабрика на подрачјето на Кисела Вода.
Настанот бил пријавен во полицијата вчера, а според информациите на Д.Д. (40) му се слошило додека бил на работа.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Увид на местото извршила полициска екипа, а по насоки на јавен обвинител телото е дадено за обдукција.







