Скопјанка погодена од заталкано зрно додека била во дворот од својот дом

Педесет и седумгодишна скопјанка била повредена од заталкано зрно од оружје додека се наоѓала во дворот од семејниот дом.

Како што соопшти МВР, синоќа во 21:45 часот во СВР Скопје од Поликлиниката Драчево било пријавено дека кај нив со повреда била донесена Ј.С.(57) од Скопје.

Според пријавеното, околу 20:40 часот, додека била во дворот од семејниот дом, почувствувала удар во рамото. По извршениот преглед било констатирано дека повредата настанала од заталкано зрно од оружје.

Се работи на расчистување на случајот.

Scroll to Top