Следува период на нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме

Од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот.

Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, и во следните денови времето ќе биде променливо со сончеви периоди во текот на денот. Поинтензивни процеси се очекуваат во сабота кога ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

Scroll to Top