43-годишен државјанин на Словенија е приведен во Прилеп откако, според полицијата, го симнал знамето на Општина Прилеп и го запалил.
Од МВР информираат дека на 11 јуни во 01:05 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода П.Ј. (43) пред општинската зграда во Прилеп.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.







