Снимил видеа во касарната во Тетово и ги споделил: кривична против маж од Студеничани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 61-годишниот А.Ш. од село Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење на скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“.

На 17.02.2025, пријавениот како возач на автобус од фирма со која Министерството за одбрана имало склучено договор за организиран меѓугарнизонски превоз, во кругот на касарната во Тетово направил три видео записи кои ги споделил преку мобилна апликација.

Scroll to Top