Тешко повреден германски државјанин, со мотоцикл излетал од патот кај Бигорски манастир

Германски државјанин е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот во близина на Бигорски манастир.

Според информациите од МВР, вчера во 10:30 часот во СВР Тетово е пријавено дека на патниот правец Маврово кон Дебар, во близина на Бигорскиот манастир, германскиот државјанин К.Б.(55), управувајќи мотоцикл со германски национални ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал од коловозот.

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Scroll to Top