Синоќа скопската полиција добила пријава а инцидент со повреден пешак и оштетени возила во Шуто Оризари.
„На улицата Вашингтонска во Скопје, 62-годишниот Р.О. од Скопје, управувајќи патничко возило „бмв“ со белгиски национални ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во ограда на двор и во пешакот Ј.Д.(44) од Скопје, а потоа во две паркирани возила во дворното место – патничко возило ’фолксваген пасат’ со скопски регистарски ознаки и патничко возило ’опел’ со скопски регистарски ознаки, паркирани од Ј.Д.. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди возачот Р.О., констатирани во Јавната здравствена установа ’Св.Наум Охридски’ и Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во Скопје“, соопшти МВР.
Увид на местото на инцидентот направила увидна екипа на СВР Скопје.







