Трагедија во Берово: Маж почина од труење со чад во пожар

83-годишен маж од Берово почина од интоксикација со чад во пожар што утрово избувнал во неговата куќа.

Случајот бил пријавен во ОВР Берово во 06:25 часот. Пожарот го изгаснале екипи на ТППЕ Берово, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт кај сопственикот на куќата, С.Б.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Берово.

Scroll to Top