Трагедија на Халкидики: Почина 75-годишна жена од Македонија

Тело на жена од Македонија било извлечено без знаци на живот од морето во областа Неа Каликратија, на Халкидики.

Како што јавуваат грчките медиуми, станува збор за 75-годишна државјанка на Северна Македонија. По интервенцијата, таа била преземена од екипа на Итната медицинска помош и пренесена во Здравствениот центар во Неа Муданија, каде што лекарите констатирале смрт.

По наредба на надлежните органи, ќе биде извршена и обдукција за утврдување на причините за смртта.

Scroll to Top