Трактор прегази 71-годишен маж во двор во струшко Мислешево

Седумдесет и едногодишен маж од струшкото село Мислешево бил повреден откако го прегазил сопствениот трактор во дворот од неговиот дом.

Несреќата била пријавена вчера (13 октомври) во 11:29 часот во ОВР Струга.

Според пријавеното, И.М. (71) работел на тракторот „ИМТ 539“ кога возилото ненадејно се придвижило и го прегазило со задното тркало.

Повредениот бил пренесен во Општата болница во Струга, каде што му биле констатирани повреди.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Scroll to Top