Сопатничка на возраст од 68 години од Битола е тешко повредена во сообраќајна несреќа меѓу три автомобили на магистралниот пат Ресен–Охрид, кај местото Рибник во селото Крушје.
Според информациите на МВР, несреќата била пријавена вчера, 9 октомври, во 15:40 часот во ОВР Ресен.
Во неа учествувале „рено“, управувано од А.С. (69), „бмв“, управувано од В.М. (51), и „пасат“, управуван од Б.М. (57), сите од Битола и со битолски регистарски ознаки. Во „бмв“ како сопатник бил и П.А. (55) од Битола.
Тешко повредена е Л.С. (68), сопатничка во „рено“, а повредите биле констатирани во Клиничката болница во Битола.
Увид извршила полициска екипа.







